Денеска имав чест да поразговарам со златното девојче Марија Спирковска, нејзиниот тренер Игор Неделковски и дел од тимот на Боречки Клуб Варда кој што функционира и работи бо нашата општина Бутел, напиша на својот фејсбук профил Дарко Костовски, градоначалникот на Бутел.

Марија направи сериозен спортски подвиг, таа успеа за кус период да освои два златни медали од балканско првенство и медитерански игри.
Посакувам Марија и нејзините клубски другари да продолжат да не прават горди, да ни донесат и медал од олимписки игри !
Марија Спирковска од општина Бутел за својот успех ќе добие еднократна финанскиска помош од 30 000 денари, додека нејзиниот тренер Игор Неделковски ќе добие 15 000 денари.
Спортот и младите се еден од врвните приоритети на општина Бутел !



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.