Денеска имав плодна средба со Вита Хузјан, почесен конзул на Република Хрватска во Република Македонија, објави на својот фејсбук профил Дарко Костовски, градоначалникот на Бутел од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Госпоѓата Хујзан особено е активна во делот на привлекување на средства за проекти од разни европски фондови, денеска разговаравме за можностите нашата општина Бутел преку европски фондови да реализира некој капитален проект.

Договоривме тек на соработката која веруваме дека ќе биде исклучително успешна.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.