Кандидатот за градоначалник за општина Бутел од ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски, гостуваше на дебата во емисијата „Објектив“ на МРТ заедно со неговиот противкандидат од СДСМ, Велимир Смилевски.
Костовски со спортски жаргон го потсети Смилевски дека „се игра додека трае натпреварот“ и дека до тогаш може „да се покаже на теренот“.
Суровата лага којашто им беше наметната на граѓаните на општина Бутел е тоа што тој ветуваше 14 капитални проекти. Ајде, да речеме да почнал барем 30%, да почнеа со градба, барем 10% да имаше завршено, ќе имаше за што да разговараме и тој немаше да мавта со хартии. Вели градинка ќе се градело, помина вашето време Смилевски. Вие во вашата програма ја ветивте до 2018 Смилевски, тоа е пред 3 години, сега е џабе. Додека трае натпреварот се игра, после тоа може да одморате и да се тешите како што се тешите вие во моментов. Проблем е што Смилевски не само што ја држи општината во застој, тој ја уназадува. Тој работи крајно недомаќински и потроши два милиони евра за привремени вработувања за четири години, не знае колку вработени има па се бави со некои податоци кои се лажни но јас тврдам дека во моментов има над 250 вработени од кои половина не одат на работа и тоа го знаат граѓаните – порача Костовски.
Тој истакна дека неговиот мотив е конечно Бутел да се менува затоа што граѓаните покрај тоа што се излажани, тие се и понижени.
Смилевски за најгорливото прашање, а тоа е поликлиниката, којашто ја ветуваше неколку пати, па доаѓаше и ја ветуваше заедно со некои функционери од неговата партија, со пратеничката од Бутел итн и на крајот изгради лименки со што ги понижи бутелчани. Првиот ден откако ќе ја добијам довербата на граѓаните ќе ја сместам поликлиниката во општинската зграда, којашто патен е направена во времето на ВМРО-ДПМНЕ како и сѐ што е направено е од тоа време, а администрацијата ќе се смести на соодветно место каде што ќе работи 10 пати подобро од таа на Смилевски – изјави Костовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.