По однос на Серава морам да истакнам една работа и добро е што ја имам оваа прилика, иако тој беше носечки проект, еден од првите три проекти во мојата изборна програма, сепак општината има во минатата година кога не сум бил јас градоначалник донесено план за заштита и спасување каде што како приоритет е влезена и реката Серава. Што сакам да речам? Таа река не е чистена повеќе од 10 години, и навистина не дај боже при поголеми дождови може да се случи катастрофална поплава како што имало во минатото, истакна Дарко Костовски, градоначалник на општина Бутел во „Утрински Брифинг“.

Костовски додаде дека него го засега приоритетот на општината, граѓаните заслужуваат подобри услови за живот во општина Бутел.

Суштината е пред се е за некој добри да се направи, во смисла да не дојде до одредена поплава. Но, паралелно на тоа и се разубавува погледот, зошто навистина во последно време Бутел наликуваше на џунгла. Но, како се чисти, навистина добива конечно Серава убав лик. За еден ден вчера имавме евидентна разлика“, рече Костовски.

Костовски посочи дека време е Бутел да наликува на современа општина, а за тоа ќе се допринесе со чесна и напорна работа. Проектите сите кои што ги вети пред граѓаните ќе ги исполни.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.