Во денешната изјава кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски, истакна дека доколку ја добие довербата на бутелчани, Бутел ќе добие нова поликлиника, нова полициска станица, противпожарен пункт, уредување на кејот на река Серава, нов плоштад, две нови градинки и многу повеќе за сите граѓани.
-За разлика од Смилевски кој гарантира бетонизирање на Бутел, ние гарантираме два нови големи паркови, едниот на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“, гледано спрема Радишани од левата страна и другиот над населбата Радишани, над третиот влез, посочи Костовски.
Т
ој истакна дека општина Бутел мора да добие нова поликлиника и гарантираше дека истата ќе биде изградена, но појасни дека се додека истата не се изгради, општинската зграда ќе биде понудена за поликлиника за бутелчани.
-Општина Бутел мора да добие нова полициска станица, мора да добие нов противпожарен пункт, конечно кејот на реката Серава мора да биде уреден, за да добиеме ново место за рекреација, општина Бутел исто така мора да добие и свој плоштад и младински културен центар, како и две нови градинки, истакна Костовски.
Костовски исто така истакна дека населените места Љубанци и Љуботен мора да добијат нова водоводна мрежа, додека пак населените места Бел камен и Кучевишка бара, мора да добијат фекална канализација, а за истото да се реализира гараантираат заедно со независната кандидатка за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска, вели Костовски.
Костовски во денешната изјава со сигурност истакна дека за секое населено место во Бутел е направена детална анализа за она кое им е потребно на граѓаните, а гарантираше дека работите во Бутел ќе почнат веднаш да се менуваат доколку ја добие довербата на бутелчани
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.