Градоначалникот на Бутел, Дарко костовски на својот фејсбук профил соопшти детали за прекинот на договор за работа на шеесет лица во Општина Бутел од кои половината воопшто не се појавувале на работа, дел се појавувале повремено, а дел немале никакви работни задачи.

Почитувани граѓани на Општина Бутел,

Од понеделник шеесет вработени лица во Општина Бутел повеќе нема да бидат во работен однос, голем дел од овие вработени, поточно триесетина лица воопшто се немаат појавено на своето работно место со години, дел се појавувале повремено, додека пак дел биле редовни но немале буквално никакви работни задачи. Секако за ова доказ е системот за евиденција на работно време.
Без никаква етничка, верска или политичка разлика, по моја добра анализа еден мал дел имале конкретни работни задачи при што увидов дека истите лица имаат желба за работа и токму затоа договорите за работен однос ќе им бидат продолжени.
За да појаснам станува збор за вработени лица со договор за работа на определено време, договорот на овие лица официјално завршува утре на 20.11.2021 година.
Општина Бутел не смее да биде заложник на вакви нити пак слични ситуации во иднина, потрошени се премногу средства сосема непотребно, средства со кои можело да се направат голем број проекти за добро на граѓаните.

Општинската администрација мора да биде високо професионална, и ниту еден вработен не смее да остане без работни обврски !



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.