„Денеска е 8—ми Септември, Денот на независноста на Република Македонија и во оваа прилика сакам да го честитам овој најголем национален празник на нашата држава. Иако имавме чест и среќа некако да го честитаме и порано, а тоа е со медалот на Олимписките игри. И тогаш и сега кажувам дека тој медал е за Македонија, еден наш така скромен подарок за државата“, истакна Дарко Костовски, кандидат за градоначалник на општина Бутел во гостувањето на радио Лидер.

Костовски додаде дека тој е убеден дека ќе победи на овие локални избори.

Што се однесува до локалните избори убеден сум дека Бутел ќе направи промена, и дека ќе ја добијам довербата од граѓаните за да направиме Бутел конечно да стане достоинствена и модерна општина, нагласи Костовски.

Костовски посочи дека програмата со која ќе излезе на избори е во финална фаза. Некаде на почеток на јуни месец со десетина тимови од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Бутел се излезе на терен и се посетија околу 4.000 семејства, се направи анкетирање по однос на тоа по приоритет што е најпотребно за Бутел и согласно тоа се креираат клучните 10 проекти.

Веќе седми ден, денеска е седми ден и денеска сум иако е празник државен на терен, ги посетувам сите маала во Бутел, буквално сите маала. И се консултирам се уште, тоа ќе трае уште неколку дена проблемите т.е. нивните најбитни, најсуштински потреби кои што од друга страна јас согледувам колкава е реалноста за да можам да дадам збор и тие нешта да ги решам. Не сакам да личи програмата моја како Велимир Смилевски, после четири години да не е ништо реализирано, а да се ветат брда и долини. Програмата на Смилевски личеше како програма на градоначалникот на Њујорк, тоа не смее да биде така. Програмата треба да реална, рече Костовски.

Костовски укажа дека секој даден збор во програмата тој ќе реализира, бидејќи граѓаните заслужуваат нормален и достоинствен живот во општина Бутел.

Бутелчани не бараат премногу, јас се среќавам секој ден со нив на терен. Тие бараат основни работи кои што ги немаат и во таа смисла мислам дека најголемиот дел од нивните потреби се многу решливи. Кога се донесува на тие клучни проекти кои што се потребни за бутелчани е и поликлиника, Бутел нема поликлиника. Прво нешто што ќе се направи е да се дислоцираат тие контејнери, трафики и таму ќе се започне со изградба на една убава, достоинствена поликлиника, појасни Костовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.