Кандидатот за градоначалник на општина Бутел од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Дарко Костовски во своето гостување на ТВ Клан вели дека сегашниот градоначалник Велимир Смилевски ништо не реализираше од ветеното во изминатите четири години.
Гасификација во општина Бутел вети до 2020 година, ја нема, поликлиника во општина Бутел вети до 2020 година, ја нема, парно греење во општина Бутел до 2020 година, нема, изградба на градинка во Расадник, нема, нема градинка во Визбегово во 2018 година што ја ветил. Субвенционирање на колектори, парно греење нема, уредување на реката Серава во 2020 година, нема, училиште во Визбегово до 2019 година, нема, спортски центар во Бутел, нема, противпожарен пункт во Расадник, нема, вели Костовски.
Тој додава дека Смилевски ветил и плоштад во Бутел 1, водовод во село Љуботен како и во Љубанци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.