Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски вели дека до крајот на годината ќе инвестираат 13 милиони денари во образованието, детската заштита и спортот, и дека инвестирањето во младите е нивен врвен приоритет.

Десет милиони денари за образование и спорт, ќе набавиме смарт табли за основните училишта, ќЌе опремиме неколку училишта со современи информатички кабинети. Ќе изградиме две модерни баскет игралишта, ТРИ милиони денари за детска заштита (градинки), објави Костовски на Фејсбук.

Костовски посочи дека ќе обезбедат се што е неопходно за дечињата во градинките да се чувствуваат комотно, а значително ќе се подигне квалитетот на нивниот престој.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.