Граѓаните истакнаа дека овие маала се буквално заборавени, проблемите со одвојувањето на фекалната од атмосферската канализација мора приоритетно да се решат, вели кандидатот за градоначалник на Општина Бутел Дарко Костовски на средбите со жителите на општината.

Ѓраѓаните посочија дека последниве неколку години во нашата општина владее целосно безредие, се гради над дозволеното и многу често без градежна дозвола, сето ова за два месеци ќе биде минато и во општина Бутел ќе има ред.Ќе го посетиме буквално секое маало во општина Бутел, зборуваме отворено за секој проблем, заеднички поставуваме приоритети за брзи и ефикасни решенија.
Бутелчани едвај чекаат да направат промени.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.