Бутел не ја доби ветената поликлиника, Велимир Смилевски и Зоран Заев излажаа, вели Дарко Костовски во својот статус на Фејсбук, потестувајќи на клучното предизборно ветување на актуелниот градоначалник дека Бутел ќе добие модерна поликлиника во 2020 година.

Клучното предизборно ветување на Велимир Смилевски и Зоран Заев за општина Бутел им беше изградба на нова модерна поликлиника. Крајниот рок за реализација на овој проект беше 2020 година, секако излажаа и сега кога се во немоќ и паника влегуваат во уште поголем проблем.
Имено, ќе се руши постојната руинирана амбуланта, истата ќе биде преместена во уште полоши услови, додека пак на место на постојната ќе бидат поставени некои монтажни контејнери како во периодот после втората светска војна во разрушените држави.
Неспособноста, лагите, и понижувањето од Велимир Смилевски и Зоран Заев мораат да завршат, општина Бутел заслужува многу повеќе и многу подобро !
НИШТО ОД ВЕТЕНАТА НОВА ПОЛИКЛИНИКА, ТОА Е ВЕЛИМИР, ЗАЕВ И СДСМ !, вели Костовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.