Дарко Костовски, новиот градоначалник на Бутел во вечерашната Топ Тема на Телма, рече дека по првичните анализи на работата на претходникот откриено е дека 40-ина луѓе биле вработени во општината и добивале плата, иако не доаѓале на работа.

Костовски, кој е од ВМРО-ДПМНЕ, и го победи претходникот Велимир Смилевски од СДСМ, истакна дека имало и обид за прикривање на овие вработувања. Во овие како што ги нарече фиктивни вработувања имало и луѓе ангажирани за одржување на хигиена по договор на дело, од кои некои не доаѓале на работа, но имало и 20-тина вработени во администрација на општината, а договорот им истекувал во ноември.

Костовски најави дека се прави анализа на проектите во општината за да се провери дали се изведени правилно или со злоупотреби.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.