Десетина сексуални работнички кои својата таканаречена „тезга“ ја држат во реонот околу зградата на Македонската радио и телевизија, ноќната работа ја премостиле, па сега работат само преку ден.

Причина за ваква новонастаната состојба, како што тврдат дел од жените е малиот број на клиенти во вечерните часови од кога во земјава се рашири коронавирусот.

Велат дека мал број на клиенти имало и во текот на летниот период, а иста состојба било се до пред десетина дена кога се договориле да „работат“ само преку ден. Некои од нив велат дека и поради коронавирусот побезбедно се чувствуваат кога работат преку ден, а навечер пак, имале проблеми и со полицијата која ги „ловела“ нив, но и муштериите.

Повеќе на „Слободен печат



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.