Диско хитови од седумдесеттите и осумдесеттите не му даваат на Центарот да стивне вечерва. Меѓу локали во ГТЦ се случува луда забава, а центарот ечи од гласната музика. Диско-забавата е по сите тертипи, со осветлување, рефлектори, веројатно и диџеј кој ја подгрева атмосферата.
Видеото погледнете го тука.
Забавата, која најверојатно е дел од снимање, е во доцните вечерни часови, го нарушува јавниот ред и мир, а и според мерките за заштита од корона вирусот, се одвива по 21 часот.
Полиција пристигна, но набљудува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.