На 5 и 6 декември во хотел „Буши ресорт и спа“ во Скопје, ќе се одржат Конференција за СПА туризам и третата Туристичка берза 2018 во организација на Министерството за економија и Националната асоцијација за дојдовен туризам на Македонија.

Конференцијата под мотото „Сите сме дел од истата туристичка приказна“, која ќе стартува на 5 декември во 11 часот ќе ја отворат државниот секретар на Министерството за економија Зоран Павловски и претседателот на УО на Асоцијација за дојдовен туризам на Македонија Влатко Суљев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.