ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје денеска започна акција за чистење на дворот на студентскиот дом „Гоце Делчев“, во скопската општина Карпош.
Почетокот на акцијата го означија помошник-директорот за оперативно-технички работи, Етула Амети, градоначалникот на општината Карпош Стефан Богоев и директорот на студентскиот дом „Гоце Делчев“, Дарио Николовски.
Градоначалникот Богоев им се заблагодари на екипите на „ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје за интервенцијата и ја истакна потребата од зголемен инспекциски надзор и контрола, за да се одржи нивото на хигиената на јавните површини во општината.
ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје спроведе неколку акции за чистење на студентските домови и универзитетите, затоа што веруваме дека студентите заслужуваат да учат и да живеат во чиста и здрава средина. Се надеваме дека нашите активности ќе резултираат со зголемување на свесноста за важноста на совесното и правилно одлагање на отпадот – изјави помошник-директорот Амети.
Во расчистувањето на големото количество градежен отпад од дворот на студентскиот дом, се ангажирани десет работници на „ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, додека од механизацијата се користат втоварувач, кипер и специјално комунално возило-патарка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.