Едно од омилените места на Скопјани, манастирскиот комлекс Марков Манастир e претворен во депонија. Сликите оттаму се ужани, ѓубре на сите страни, шишиња во реката и на тревата, со еден збор целосна негрижа.

Голем дел од граѓаните денеска се одлучија денот да го поминат во природа и покрај река, но едноставно не можеа да седнат бидејќи на секоја педа имаше смет. Но и покрај тоа, скопјани ги распалија скарите и се ладеше пиво во реката.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.