Од Синдикатот на пожарникари на град Скопје реагираат на постојаните политички ангажмани на командантот на единицата, Владимир Симоновски, во служба на СДСМ и на Петре Шилегов.

Оттаму истакнуваат дека истиот тој Симоновски поддржна од Шилегов, не дозволил средба на синдикатот со кандидатката за градоначланичка, Данела Арсовска за таа од прва рака да се запознае со проблемите со кои се соочуваат пожарникарите.

Ел Командантот Петре Шилегов со партиските другари Владимир Симоновски и Михајло Иванов!

 

Спречивте и забранивте предходно најавена средба со синдикат и кандидат за градоначалник кои имаа само една цел, а тоа е запознавање со проблемите со кои се соочуваат пожарникарите, а со тоа и колкава е безбедноста на граѓаните.

 

Излеговте на социјалните мрежи со став дека политиката треба да биде подалеку од пожарникарите, а вие раководството на таа институција секојдневно излегувате на терен да влијаете на граѓаните за вашиот стопан добие глас повеќе се со цел да си ја заштитите сопствената кожа на многу дела на кои допрва ќе следаат постапки и одговорности.

 

Ќе излегуваме со дописи, како и со материјални докази до јавноста во кој ќе Ве повикуваме да одговорите на истите, како и институциите да го проверат.

 

1. Дали е вистина Командант дека секој викенд вашето службено возило сопственост на скопјани сте го злоупотребувале и нелегално сте ги поминувале патарините за прошетка во вашето родно Сиричино тетовско?

 

2. Дали е вистина Командант дека не постои анализа од потребата за набавка на фамозната скала од речиси 2 милиони евра, а за кој истата скала во Загреб е набавена за двојно помалку?

 

3. Дали е вистина дека Михајло Иванов со вашето вработување има судир на интереси затоа што со доаѓањето на Шилегов за градоначалник ве назначуваат за раководител на секторот за заштита и спасување, а вашата ќерка е советник во Град Скопје од редовите на СДСМ и е советник на Министерот за одбрана? – се наведува во реакцијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.