Колони возила се заглавени на влезот во Скопје кај Автокоманда, објави 24 вести.
Од АМСМ информираат дека во тек се и градежни активности за санација на коловозот пред семафорите на крстосницата помеѓу булевар Александар Македонски и 16-та македонска бригада, во насока на движење од влез на Скопје кон „Клучката Континентал“, па оттука на дел од крајната десна сообраќајна лента воспоставен е и времен сообраќаен режим, што ќе важи до завршување на активностите.
Од „Виадукт трејд“ известуваат дека согласно добиеното одобрение за измена на режим на сообраќај, според основен сообраќаен проект за измена на режим на сообраќај на дел од ул. „Јордан Мијалков” во Скопје поради изместување на постоен оптички кабел, од саботата следните 15 дена на дел од споменатата улица има промена на режимот на сообраќај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.