Редици колони утринава се создале на влезот на Скопје во Автокоманда.
Сведоци за Курир велат дека утрово сообраќајот таму е закрчен, а истото се случувало и вчера вечерта каде се чекало и до половина час за да се излезе од сообраќајниот хаос.
Според сведоците се работи за градежни работи на овој булевар поради што е затворена и третата лента за сообраќај, а функционираат само две.
Возачите на социјалните мрежи предупредуваат и за трпеливост во сообраќајот и дека сите брзаат за на работа ова утро.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.