Во рамките на Зимската кампања 2020-2021, која што има за цел унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата во зимскиот период од годината и подигање на свеста за поголема употреба на зимска опрема во возилата, РСБСП во изминатиот период организира сообраќајно едукативни активности.

„Направи техничка проверка на возилото“, „Користи соодветна зимска опрема“, „ Држи безбедно растојание“, „Вози внимателно на влажни и замрзнати коловози“, „Биди подготвен за безбедно патување во зима“ се само дел од пораките и советите кои РСБСП ги испраќа до учесниците во сообраќајот.

-Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во изминатиот период организира сообраќајно едукативни активности во повеќе градови во кои што возачите беа информирани и едуцирани за позитивните придобивки од употребата на зимските гуми и потребата од поседување на зимска опрема во возилата, а исто така беа организирани и показни вежби за правилно, брзо и безбедно монтирање на ланци за снег, стои во соопштението од РСБСП.

Апелираат до сите учесници во сообраќајот, за своја лична безбедност, за безбедноста на своите најблиски и воопшто за севкупната безбедност во сообраќајот, да ги почитуваат законските обврски, да користат соодветна зимска опрема и да направат соодветна зимска проверка на возилото.

-Оваа е период од годината кога има честа појава на дожд, магла, снег, голомразица, односно, оваа е период од годината кога временските услови значително влијаат на условите за безбедно одвивање на сообраќајот и затоа возачите односно возилата треба да бидат соодветно подготвени, велат од РСБСП.

Потенцираат дека последиците од сообраќајните незгоди не се за потценување и затоа сите треба да граѓаните да бидат максимално одговорни, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да ги почитуваат обврските кои ги имаат како возачи, а се однесуваат на зимската опрема во возилата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.