Болницата за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, која е лоцирана во центарот на градот, веќе е преселена во Аеродром, кај Мајчин дом. На тој начин веќе три години е растоварен метежот во старата градска болница. Болницата воведе нов модел за пружање на амбулантска здравствена заштита и дневна хирургија со неинванзивни постапки, па просечната должина на болнички престој е значително намалена.
Погодувате – ова се вести од иднина-небиднина.
Но, се сеќава ли уште некој на ова неисполнето ветување на Филипче? Дали ќе може да го ветува и на следните избори? Не, зашто на местото на неговата болница, денес има многукатница. Случајно, онаа во која прв комшија е Ивица Коневски.
Да се потсетиме
Во 2018 година министерот за здравство Венко Филипче распиша Конкурс за избор на идеен проект за нова Градска болница на локација во општина Аеродром.
Со цел да се обезбеди болничка заштита во дефинирана мрежа на општи и специјализирани болници и соодветно да одговори на потребите на жителите на градот Скопје и пошироко, Министерството за здравство смета дека е потребно да се подигнат капацитетите на ‘градски болници’ и на тој начин да се намали притисокот врз терциерното здравство во постојниот клинички центар, гласеше образложението на амбициозното ветување.
Идејниот проект предвидуваше градба на градска болница со максимална висина од 18 метри, односно таа ќе има приземје и четири ката. Сообраќајниот пристап до болницата е решен од два крака односно од булевар „Васко Карангелевски“ и булевар „Јане Сандански“.
Причината за ваквата одлука е да има две градски болници, со цел да се растовари старата воена болница, односно болницата „8 Септември“.
Случајно, проектантското студио „Радиус архитекти“ на Мартин Пановски е добитник на првата награда на конкурсот „Нова градска болница“ – Скопје на Министерството за здравство.
А зошто е важно ова? Па, сега откако се растовари гужвата во болницата за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Центар, слободно можат да се доведат уште 1200 жители во зградите кај „Холидеј ин“. Да, оние кои ги проектира Мартин Пановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.