Близу две третини до граѓани во најновата анкета на Детектор велат дека не се задоволни од тоа како работат инспекциските служби.
Откако градоначалникот Шилегов обвини дека во времето на ВМРО-ДПМНЕ функционерите своите шофери ги вработувале како инспектори, советничката во Советот на Град Скопје од редовите на опозицијата, Светлана Колариќ рече дека токму шоферот на Шилегов е вработен како инспектор во Градот.
„Вашиот шофер не е инспектор, градоначалник, каде е тој со решение за работа. Еве проверете го, нека проверат и медиумите каде работи вашиот шофер.“ – вели Колариќ за Детектор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.