Наградата за најдобар крводарител во Скопје во 2018 година ја доби Тони Ставревски.
Во крводарителството се брои колку пати сте дарувале крв според бројот на годините. Јас имам 49 години и досега имам дарувано крв 102 пати. За да се биде крводарител потребно е многу малку, треба само да си здрав, да имаш атом добрина во душата и да го засукаш ракавот, а другото ќе го направат медицинските лица од Заводот за трансфузиологија. Денот по крводарувањето се чувствуваш исполнето, ние одделуваме дел од нас за да помогнеме на некој што не го познаваме. Затоа, на моите сограѓани сакам да им порачам да не се плашат и слободно да даруваат крв – вели Ставревски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.