Кафе во Градски парк – звучи одлично, а од пред некоја година стана реалност. Да се шета во парк, да се купи кафе и цеден сок и да се ужива во пролетното сонце и почистиот воздух. И сето ова изгледаше симпатично, интересно… Но се чини работите се променија.

Во последниот период пордавачите на кафе во парк никнуваат како печурки. И ако првитепродавачи кафе беа трицикли придвижувани на велосипедски погон, сега во парк се носат моторизирани возила.

-На почетокот се изгледаше така симпатично и интересно. Но сега веќе ова ги надминува сите граници. Се наредија десетина возила, повеќето од нив загачудачи на воздух. Кој им дозволува на овие возила да влезат во парк, да испуштаат издувни гасови и да го нарушуваат мирот, тишината – коментира скопјанката Маја.

Продавачите на кафе плаќаат надомест на Град Скопје и на „Паркови и зеленило“ за бизнисот во Градски Парк. Но, разлика во цената за моторизираните возила и за еколошките возила е иста. Според информациите кои ги добивме се плаќа по 100 евра и во Град и во Јавното претпријатие.

Граѓаните бараат да се забрани влез на моторизирани возила во градскиот парк.

-Како тргнале работите и маси и столчиња ќе извадат. Почна со симпатични шанкови на велосипед, стигна до цели комбиња. Следно што може да очекуваме ќе биде столици, маси и тенди под кои прска вода. Навистина ова веќе не наликува на убава, чиста, еколошка средина – коментираат скопјани кои викендов шетаа низ градски парк.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.