Министерството за внатрешни работи информира дека од вечерва во 19 часот до утре до 18 часот, поради одржување на „Визер скопски маратон 2019“, кој ќе почне утре во 8:30 часот, ќе биде воведен посебен сообраќаен режим по должина на трите тркачки патеки во рамки на манифестацијата.
За трката од 5. 000 метри за сообраќај времено ќе бидат затворени следните сообраќајници: од стартната точка на ул. „Димитрие Чуповски“ право по ул. „11 Октомври“ во правец кон Градска болница, право кон „Црвен крст“, кај „Тутунски комбинат“ лево по бул. „Крушевска Република“, па десно по бул. 3 „Македонска бригада“, право по бул. „3 Македонска бригада“ до крстосница со ул. „Црвена Вода“ 7, каде што се врти полукружно па право по бул. „3 Македонска бригада“, десно по ул. „Фрањо Клуз“ , лево по спротивната насока на движење на бул. „Кузман Јосифовски Питу“, лево по бул. „Кочо Рацин“ десно по ул. „11 Октомври“ до целта – Собрание на Македонија.
Втората траса за трката на 21 километар, полумаратон: стартот е преку „Порта Македонија“, плоштад „Македонија“, преку „Камени мост“, лево на ул. „Иљо Војвода“, лево по мост „Гоце Делчев“, право по бул. „Илинден“ лево по ул. „Љубљанска“, право по ул. „Московска“, десно по ул. „Војвода Васил Чакаларов“, на крајот на улицата се врти полукружно назад и се продолжува право по ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“, право по ул. „Димитрие Чуповски“, право по ул. „11 Октомври“, лево по бул. „Крушевска Република“, десно по бул. „3 Македонска бригада“, лево по ул. „Фрањо Клуз“, десно по бул. „Јане Сандански“ до крајот пред семафорот со бул. „Србија“ се врти назад по бул. „Јане Сандански“, лево по ул. „Фрањо Клуз“, десно по бул. „3 Македонска бригада“, лево по бул. „Крушевска Република“, десно по ул. „11 Октомври“, право до пред Собрание, каде што е и целта;
И третата траса за маратонот на 42 километра/штафетен маратон: тој ќе се трча по истите улици како и полумаратонот, но по првиот круг кога натпреварувачите ќе дојдат пред Собрание на продолжуваат уште еден круг право по ул. „Димитрие Чуповски“, десно по бул. „Св. Климент Охридски“, лево по бул. „Илинден“ и се трча истата рута како од првиот круг.
За таа цел МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.