Само еден ден по локалните избори на кои СДСМ доживеа убедлив пораз лидерот Зоран Заев даде двосмислена изјава дека ако загуби на изборите за градоначалници а посебно во Скопје можеби ќе си замине од власт. Иако за волја на вистината тоа го направи во завиена форма сепа пораката звучеше како закана во стилот „дајте ми го Скопје или ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати“.

Ова е уште една негова скандалозна изјава по онаа кога гласачите кои не ја поддржаа неговата коалиција ги нарече „зло“.

ШТО ТОЧНО КАЖА ЗАЕВ

 Јас реков дека не можам да водам влада ниту влада предводена од мене да движат во спротивни правци..Нашиот правец напред, напред дома ,обединување , едно и еднакво општество за сите, владеење на правото, борба со криминалот и корупцијата, унапредување на економскиот стандард на граѓаните. Ако градот од тоа што се нуди, од национализам, од поделби, од повторно разединување на етничките заедници , кичерај и слично не одат заедно.Исто така интеграциите не можат да продолжат со некој што не употребува С од Македонија. Тоа значи ќе не скараат со Грција,Бугарија, Албанија, Косово, Србија, целиот свет-се закани Заев.

Заев изледа заборавил дека кога дојде на власт во 2017 година без да победи на избори Скопје исто така не беше под негово владение.

Тогаш градоначалник на Скопје беше Коце Трајановски а подоцна дојде Петре Шилегов.

Заев со заканите продолжи и вчера во Карпош. Тој рече дека ја примил порака но очигледно не е така од тоа што го говореше пред неговите сопартијци.

Немојте да ја казнувате државата поради нашите слабости. Слабости има, но работиме да ги исправиме.Разбрав, многу наши поддржувачи ни испратија порака. Еј ало менувај нешто, не ја бива вака.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.