Поранешниот градоначалник на Град Скопје Коце Трајановски, доби признание од Светска банка за проектот Смарт сити“

– Денеска сум посебно радосен. Проектите кои ги направив, додека бев градоначалник, за паметен град (smart city) Светската банка ги рангираше меѓу 3-те најдобри проекти во Европа и Централна Азија. Тоа се проекти во кои се применуваат нови технологии базирани на интернет со што се автоматизира и подобрува менаџирањето на сообраќајот во градот Скопје. Според светската банка со примената на овие нови технологии сообраќајната гужва се намалила за 20%. За потсетување во 2016 година од страна на ЕУ бевме второ рангирани за подобрување т.е напредокот на мобилноста во градот Скопје – стои во објавата на Трајановски на „Фејсбук“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.