Поранешниот градоначалник Коце Трајановски, во вечерашниот дуел на Канал 5 со градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, истакна дека од 50 точки, Шилегов не направил ништо за скопјани. А од планот за чист воздух од 39 точки, направил само една.
На прашањето на новинарката упатено до поранешниот градоначалник на Скопје Коце Трајановски, дали смета дека Шилегов едноставно не го бива, Трајановски се осврна на дигиталната програмата која ја разгледал во целост и рече дека ништо не е реализирано.
Јас ја гледав програмата и она што е реализирано од неа. Иборната програма треба да е јавна, таа станува на граѓаните, кога Шилегов излегува пред нив и ветува, јас тоа и тоа ќе го направам. Од 43 точки, верувајте дека само една улица е започната „Босна и Херцеговина“, една третина е готова, таа е во населба Шуто-Оризари и покривот на ГТЦ- рече поранешниот градоначалник Трајановски.
Шилегов му упаѓаше во збор на Трајановски, на што тој возврати, дека треба да се задржи дигнитетот.
Нивната програма е за четири години, меѓутоа никој не може да го заврши тоа што е планирано за четири години, да се заврши за две. Во моите први две години, два булевара беа направени, тоа се булевар „Србија“ и „Илинденска“- истакна Трајановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.