Запален клима уред е причинта за пожарот кој вечерва изби во зграда на Рекорд. Иако првично „Макфакс“ објави дека се зафатени два стана, од противпожарна информираат дека се работи за клима уред кој горел од надворешна страна.
– Се работи за пламен кој се појавил на клима уред од надворешна страна во еден стан. Се заглавила хартија која се запалила – велат од противпожарната бригада, од каде додаваат дека не се работи за голем пожар.
Било интервенирано со две противпожарни возила. Нема повредени. Предизвикана е само материјална штета.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.