Работници утрово го асфалтираат паркингот кај старата Градска болница во Центар, сега ЈЗУ Универзитетска клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“.

Симптоматично е што реконструкцијата се врши дури сега, измеѓу првиот и вториот изборен круг, во кој ќе се бираат и градоначалник за Општина Центар и за Град Скопје.

За поткупот да биде уште поочигледен, треба да се посочи и фактот што улицата „11 Октомври“, на која што се наоѓа болницата, се реконструираше лани ова време. Машинеријата повторно се вклучи и се раскопува нешто што веќе требаше да е готово токму во предизборие.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.