Граѓани од селото Љубанци и населбата која што се наоѓа меѓу селата Љуботен и Љубанци апелираат градските власти на Скопје да им овозможат вода во домаќинствата. Иако граѓаните редовно ги плаќаат сметките за струја веќе седум дена немаат ни капка во водоводот.
Немаат одговор зошто повторно нема вода ни за лек откако пред две години се случил истиот проблем. Бараат да има вода барем во текот на ноќта за да можат да се избањаат, да исперат алишта и да наполнат шишиња со кои ќе го минат денот.
На 40 степени тече вода од нас а ние немаме вода да се измиеме, ќе се усмрдиме, вели Жителка на Љубанци која неодамна со својот сопруг била заразена од болеста.
Во хаосот дел од граѓаните велат дека би биле задоволни и со неколку часа вода на секои два – три дена. Според нив во опа*ност е и добитокот за кој како и за луѓето нема вода за пиење. Тие се иритирани што локалната власт во општина Бутел и ЈП Водовод не сториле ништо за нивните маки а не можат да дојдат во контакт со градоначалникот Петре Шилегов кој потекнува од Љубанци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.