Поради најавени два протести во Скопје денеска од 10:30 часот етапно ќе бидат затворени за сообраќај бул. „Гоце Делчев” на потег од ул. „Беласица” кон бул.„Илинден“ и бул.„Илинден” на потег од бул.„Гоце Делчев” до бул.„Климент Охридски”.
Почнувајќи од 13:30 од плоштад „Скендербег“ до канцеларијата на ЕУ, етапно ќе бидат затворени за сообраќај булеварите „Гоце Делчев”, „Илинден” и „Климент Охридски”.
Поради подготовки за настанот по повод Денот на независноста затворени за сообраќај се: ул. „11 Октомври” и ул. „Димитрие Чуповски” во двата правци. Од 23 часот на 07.09.2021 до 23:00 часот на 08.09.2021 година дополнително затворени за сообраќај ќе бидат ул.„Даме Груев” на потегот од крстосницата со ул. „Македонија” до крстосницата со ул.„11 Октомври” и ул.„Филип Втори” на потег од „Кеј 13 Ноември” до ул.„11 Октомври” и ул. „11 Октомври” на потегот од бул. „Кочо Рацин” до ул. „Даме Груев”.
Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по горенаведените улици, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
Се апелира граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот, со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.