Секторот за инспекциски работи на Општина Центар, по големиот број на пријави на граѓаните на општината, почнува акција за мерење на бучавата во угостителските објекти, кафе-баровите и останатите локали.

Локалната самоуправа информира дека во наредниот период, овластени инспектори од Општина Центар, со помош на инструменти за мерење бучава, ќе вршат зачестени контроли во сите угостителски локали, а особено во оние за кои од граѓаните до општината има пристигнато најмногу пријави.

Апелираат до кафе-баровите, рестораните и останатите угостителски објекти, како и до нивните управители и сопственици, да се воздржат од пуштање гласна музика, да се придржуваат до постоечките правилници и да ги почитуваат законските решенија за дозволена гласност.

– Доколку инспекторите на терен констатираат надминување на дозволеното ниво на гласност и се констатира непридржување до пропишаните гранични вредности, ќе се изречат соодветни казни и санкции во согласност со Законот за заштита од бучава во животната средина, соопштија од општината



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.