Аеродром – прва општина што пренаменува маркица од згради во паркови!
Денеска на моја иницијатива до советот на Општина Аеродром беше поднесено барање за започнување на постапка за бришење на две градежни маркици во Реонски Центар каде беше предвидено да се гради општинска зграда и станбена зграда, најави градоначалникот Муцунски.
Среќен сум што советот ја изгласа оваа иницијатива и дека конечно ќе се слуша гласот на граѓаните.
На ова место во нашата програма предвидовме да има парк од 5000м2 со монтесори содржини.
Промените на владеење во Општина Аеродром се случуваат. Одговорното работење е наш приоритет!

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.