Ќе оздрави тато, ќе биде добро. Ќе работи повторно како некогаш. Дај Боже, Господ никого да не стави на ваков тест – вели Исак Рамани за телевизија 21.
Рацете на Исак работеле без престан за да обезбеди достоен живот за трите деца и сопругата, сѐ додека еден ден тумоpот на белите дробови не му ја паpализирал десната рака. Исак има три деца, две ќерки од 10 и 7 години и 5-годишен син Ајан. Ајан секој ден е покрај татко си, раскажувајќи му за желбите што ги има. Исак освен солзите, не може да му понуди ништо друго на синот.
Цел живот работев, но сега ме снајде ова zло. Имам тумоp на белите дробови и раката ми е полу паpализирана, па затоа веќе не можам да работам. Веќе осум години сме под кирија во оваа куќа. Плаќам по 100 евра кирија, а имам три деца. Ќерка од 10 години, другата има 7 и момчето има 5 години – вели Исак Рамани пред камерата на ТВ21.
За лекови и храна, вели им помагаат роднините, но најголем проблем им претставува киријата, бидејќи социјална помош не добиле веќе три месеци. 8-те илјада денари им се единствениот приход кој го оствариле пред три месеци, парична помош која ја земаат како додаток за трето дете. Исак има само една молба до сите хумани луѓе.
Да ви кажам искренo, најмногу сакам да се спасaм од плаќањето кирија. Најголема потреба имам на моите деца да им обезбедам некој стан или пак, двособна или еднособна куќа, не е проблем, само да не седат под кирија – додава Рамани.
И покрај тешкиот живот, семејството Рамани никогаш не побарало милостина. Го оставивме семејството во надеж, верба и во очекување на подобри денови.
Број на семејството Рамани: 071 823 196 Жиро сметкa – Исак Рамани 210501680639606 НЛБ Банка АД Скопје
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.