Откако Марко Бислимоски, претстедателот на регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) најави дека може да биде одземена лиценцата на „У Повер“ компанија за снабдување со струја која доби на тендер договор да го снабдува Град Скопје за цена од 1,1 милиони евра, се поставува прашањето дали Град Скопје ќе има редовно и навремено снабдување со електрична енергија.

Договорот меѓу Град Скопје е склучен во првата половина на мај годинава, а вредноста на договорот е 1,1 милиони евра.

Договор за снабдување со оваа компанија има и МЕПСО и тоа за снабдување на сопствените потреби (дирекција и трафостаници), а договорот е вреден речиси половина милион евра. Договорот е на сила од втората половина на јануари оваа година.

Со оваа компанија договор лани во ноември склучила и Царинската управа. Вредноста е слична како и кај МЕПСО, цирка половина милион евра.

„У Повер“ ДОО Скопје, според пишувања на некои медиуми, е сопственост на Арианит Џафери, синот на Муса Џафери, поранешен вицепремиер од ДУИ и на Фитим Ибрахими, син на сопственикот на градежната фирма АК Инвест.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.