Култната група од времето на поранешна Југославија, „Бјело дугме“ ќе одржи вечерва бесплатен концерт на плоштад „Македонија“ во Скопје во 21 часот.

На кусата прес-конференција по повод концертот, Горан Бреговиќ и вокалот Ален Исламовиќ најавија одлична забава.

Ќе настапиме со весели песни. Кој нема да полуди тој не е нормален, вели во негов стил Бреговиќ.

Исламовиќ, секогаш кога настапува во Скопје, вели, ја има таа доза на адреналин.

Пред македонската публика, но и посетители од регионот, се очекува бендот вечерва да ги изведе некои од најголемите хитови на „Бјело дугме“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.