Скопјани утре во 13 часот на плоштад „Македонија“ ќе се обидат да го урнат Гинисовиот рекорд за најголема елка во светот направена од луѓе.

Додека во другите земји, на овој настан доаѓаат граѓаните по своја волја, во Скопје се врши притисок врз вработените во администрацијата. Така до вработените во Град Скопје беше испратено соопштение за овој настан, како и до вработените во сите училишта на територијата на Скопје.

За да дојдат на настанот, понуден им е еден слободен ден од работа.

За оние од училиштата слободен ден ќе биде 31-ви декември, а вработените во Град Скопје се попривилигирани, па можат да си изберат кој ден го сакаат да им биде слободен.

Инаку, во текот на утрешниот ден, токму во тој период, народен собир одржува ВМРО-ДПМНЕ. Се отвора сомнеж дека целта на надлежните е вработените во овие институции кои сакаат да бидат дел од собирот, да не можат да отидат, бидејќи присуството на правењето елка мора да биде пријавено кај претпоставените.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.