Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, Општина Кисела Вода обезбеди пакетчиња за околу 1.300 деца од градинките, околу 200 за децата со посебни потреби и преку 500 пакетчиња за дечињата од социјално-загрозени семејства.
Дополнително, новогодишно пакетче ќе добијат и децата на сите вработени во Општина Кисела Вода.
Новогодишните празнувања треба да бидат убави за сите, посебно за дечињата кои цел живот ги паметат подароците под елката, семејните празнувања и радоста на дарувањето. Се потрудив, како градоначалник, дечињата од сите градинки на територија на Кисела Вода и децата со посебни потреби да добијат новогодишно пакетче. Дополнително, покрај овие 1.500 дечиња, со пакетче ќе им ги разубавиме празниците и на преку 500 дечиња од социјално-загрозените семејства. Секое дете заслужува да биде среќно и да има убави спомени од детството. Ова е мој мал придонес кон таа цел – истакна градоначалникот на Општина Кисла Вода, Орце Ѓорѓиевски при денешната посета на објектот „Мимоза“ при ЈДГ „Весели цветови“, каде беше организирана свечена приредба за дечињата.
Ѓорѓиевски им посака убава, среќна и безгрижна година полна со радост и љубов, а дечињата, распеани и весели се заблагодарија за подарокот.
Од Општината посочуваат дека новогодишното дарување продолжува и во наредните денови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.