Во заедничка соработка со Град Скопје, за првпат во Кисела Вода е поставена функционална мерна станица за мерење на квалитет на амбиентен воздух.
Овој аирпоинтер е поставен е во паркот „Македонија“, веднаш до Домот на културата и на секои пет минути ќе покажува нови податоци за состојбата на концентрација на ПМ10, NO2, SO2, CO2 како и температура, влажност на воздухот и брзина на ветар.
Истите податоци се достапни и на официјалната интернет страница на општина Кисела Вода и порталот на градот Скопје.
Од тука, сакам да најавам и дека во наредниот период вакви мерни станици ќе се постават околу сите големи загадувачи, а борбата за здрава животна средина, борбата со загадувачите, ќе биде бескомпромисна и заедно ќе се избориме за тоа.
Жителите на Кисела Вода заслужуваат да живеат во здрава и чиста општина – порача градоначалникот на Кисела Вода – Орце Ѓоргиевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.