Тина Петрушевска директор на ЈП Лајка, поставена од Петре Шилегов ја злоупотребува позицијата и се изживува со вработените во ЈП Лајка и им врши мобинг. Ова не се само тврдења на ВМРО-ДПМНЕ, ова се жалби на вработените, кои се охрабриле и смогнале сили да ја пријават директорката Петрушевска.
Тина Петрушевска веќе подолг период се изживува со раководителот на сектор Слаѓана Стаменкова, која во допис до УО на ЈП Лајка и Град Скопје се жали на мобинг од Петрушевска назначена од Шилегов и СДСМ, обвинува Стефан Кирков од ВМРО-ДПМНЕ.
На мобинг и притисок од ЈП Лајка се жалела и членката на УО на ЈП Лајка Теона Георгиевска, која е разрешена од страна на директорката Петрушевска. Мобинг од Петрушевска трпи и единствениот ветеринар во ЈП Лајка Виктор Груев, кој доколку ја напушти работата или добие отказ претпријатието ќе остане без ветеринар.
За тоа дека Петрушевска и Шилегов не работат добро и се изживуваат со луѓето вработени во ЈП Лајка доказ се и над 20 луѓе кои веќе дале отказ од претпријатието токму заради притисоците и мобингот кој го трпеле од Тина Петрушевска.
Информирани сме и дека над 10 вработени веќе и се обратиле до Петре Шилегов за притисоците со кои се соочуваат и мобингот кој им се врши, но Шилегов не реагира и не ги заштитува вработените.
Целиот мобинг и притисок кој го врши Тина Петрушевска е одобрен и од Шилегов кој ја поставил и го премолчува нејзиниот терор врз вработените.
Ги повикуваме институциите да ги истражат случувањата во ЈП Лајка. ДКСК до која се поднесени неколку претставки по разни основи исто така веднаш да реагира. А истовремено ги охрабруваме сите вработени да не подлегнуваат на притисоците и заканите на Петрушевска. По промената на власта ќе има ревизија на работењето на Тина Петрушевска, а тоа е за многу бргу“ – порача тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.