Стефан Кирков од ВМРО ДПМНЕ на Фејсбук го прашува градоначалникот Петре Шилегов како тоа вели дека потрошиле 300 илјади евра за изградба на живеалиште на птиците фламинга, а на него стои табла на која пишува дека изградбата е спонзорирана.

Добро утро Петре Шилегов & Петре Шилегов, јас пак….
Ќе ви ги барам одговорите на прашањата додека не ми ги одговорите…..
На што потрошивте 300 000 евра за живеалиштата на птиците Фламинга и зашто на истото живеалиште стои табла СПОНЗОРИРАНО ОД АДМИРАЛ КАЗИНО?!

Кој лаже тука и што не е јасно дека се работи за една проневера пред кампања, убава комбинација Петре, БОНБОНА БИЗНИС, и Короната избега од тебе но не и еден ден одговарањето на прашањава и одговорност Петре!!!
Град Скопје
Skopje ZOO / Зоолошка градина Скопје, пишува Кирков на Фејсбук.

Претходно, Кирков објави дека Шилегов преку неговата институција ЗОО Скопје извршил и потрошил само за неколку месеци половина милион евра во набавки и наводни градби во Скопската Зоолошка градина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.