На територијата на Општина Центар во изминатите седум дена се санкционирани 286 непрописно паркирани возила коишто го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
Со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП Паркинзи на Општина Центар се отстранети 124 непрописно паркирани возила, а со поставување механичко средство „Блокатор“ се санкционирани 162 возила затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, соопшти денеска Општина Центар.
Оттаму истакнуваат дека водат грижа да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.