Свесна постапка или ненамерна грешка на касиерка предизвикала расправија во познат скопски маркет заради наплатени артикли кои купувачите не ги земале. Муштеријата го изненадил износот на сметката и забележал дека му биле наплатени производи кој не ги купил.

Тоа било причината за караница која се случила во саботата помеѓу вработени и купувачи во маркет во Скопје. Касиерката потоа им се извинила на муштериите, велејќи станувало збор за пропуст и дека неколкуте артикли и се провлекле со другите производи.

Купувачите продолжиле да се расправаат, по што во објектот морало да интеревенира и обезбедувањето, за на крај сметката да биде коригирана.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.