Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, ја посети фирмата задолжена за зимско одржување на улиците во општината, со цел да се направи план за целосна подготвеност за зимската сезона.
Приоритет ќе има високата зона на Карпош односно патот за Трнодол, Жданец, улицата Ловќенска, надвозникот во Бардовци како и собирните улици.
На располагање имаме и мали возила кои ќе бидат задолжени за чистење на малите станбени улици.
Апелирам до карпошани веднаш штом ќе почне да врне снег, да ги отстранат своите возила од улиците или да ги паркираат во своите дворови и гаражи доколку имаат, за да може механизацијата непречено да го исчисти снегот од пред вашите домови – порача Јакимовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.