Јас гласам во Карпош и во Карпош се случи една од најголемите измами после падот на режимот и празните ветувања на Заев.
Не толку заради Богац, јас тој дечко сум го почитувал и мислам дека е коректен, ама за жал е во многу лошо друштво кое ќе стане уште полошо.
Карпош не се подобри како општина, урбанистички дури и се влоши.
Иако се ветуваше мораториум, тоа не се случи.
Се изградија куп згради покрај кејот, се градеше во меѓупросторот кај старите згради, се изградија огромни комплекси на згради благодарение на дозволата од власта за градежните компании масовно да влезат во општината и да прават што сакаат.
Фирмите со кои шуруваше и градеше Стевче, сега ги води генералниот секретар на партијата.
Загаденоста во рамките на општината е останата иста како и пред 4 години, зелените површини се намалени, депониите се уште горат.
Карпош се уште личи на понормална општина, но и тоа е готова приказна и изгубена работа.
И сега за градоначалник го кандидираат тој цепаницата од Водовод, кој е прашање дали има сработено ден во својот мандат.
Е тоа е “најдоброто за вашата општина”.
Курац поголем… – коментира Ивор Мицковски на социјалните мрежи.

Тој реагира на имињата кои денеска ги објави СДСМ, како кандидати за градоначалници на претстојните локални избори. Директорот на Водовод Душко Весковски ќе оди за кандидат за градоначалник на Карпош.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.