Кандидатите за градоначалник на Општина Карпош, Душко Весковски – СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, Васко Костов – Македонска ера трета, Дарко Ристовски – Левица, Христа Најдов – Движење Одлучно за промени и Стевчо Јакимовски – ГРОМ, денеска потпишаа Кодекс за фер и демократски избори. Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ПМНЕ, Оливер Зафировски, кој од оправдани и неодложни причини не беше во можност да присуствува на потпишувањето, целосно го поддра овој Кодекс и се обврза на почитување на обврските кои произлегуваат од истиот.

Со потпишување на овој кодекс за спроведување на фер и демократски избори, заедно со кандидатите за градоначалници од другите партии, се обврзавме за одржување на кампањи и локални избори со почитување на сите закони, правила и прописи релевантни за изборите, без притисоци и без говор на омраза, во позитивна атмосфера, изјави Весковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.