Кандидатот за градоначалник на општина Сопиште од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Стефче Трпковски, во Основниот суд Скопје поднесе тужба за навреда и клевета против пратеникот од СДСМ, Дарко Каевски.

Пратеникот од СДСМ, Дарко Каевски на партиска прес конференција мафташе со имотни листови, за земјиште сопственост на друго лице имплицирајќи дека земјиштето е мое, што е целосна невистина и партиска конструкција со цел да наштети на мојот углед и да влијае на локалните избори.

 

Мојот имот е запишан во имотен лист. И тој имотен лист е наведен во анкетен лист кој што е јавен документ.

 

Дарко Каевски наместо да се занимава со партиски конструкции, со цел да наштети на мојот углед со лаги и да влијае на локалните избори, треба на граѓаните до докаже како успеал на 30 години да купи стан и да заштеди 4 милиони денари во банка. Непотребни се дополнителни објаснувања и компарации.

 

Ги повикувам институциите да ја проверат мојата имотна состојба, имотната состојба на моите роднини и пријатели. Но, и да ја проверат имотната состојба на Дарко Каевски, неговите роднини и неговите пријатели.

 

Очекувам Дарко Каевски да го докаже стекнатиот имот, а доколку не може да докаже тогаш институциите да постапат согласно Законот – порача Трпковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.