Додека ни снемува чист воздух, донесувачите на одлуки и годинава не испорачаа соодветен буџет и сеопфатна стратегија за горливиот проблем со загадувањето. Во моментот Македонија е четврта земја во светот, а втора во Европа, по заболување од канцер на белите дробови, велат од “Канцерогено општество” кои денеска потворно протестираат за чист воздух.
Тие истакнуваат дека во рок од една година да се најде чаре за сите жешки еколошки точки во државава: ОХИС, Железара, Дрисла, Јегуновце и РЕК Битола, е едно од клучните барања на здружението “Канцерогено општество”.
– Долготрајната изложеност на ПМ- честичките ја зголемува вкупната смртност во просек за шест отсто. Секојдневно се зголемува бројот на карцерогени и кардиоваскуларни болести, а сето тоа се должи на загадениот воздух на кој се изложени граѓаните. Додека ни снемува чист воздух, донесувачите на одлуки и годинава не испорачаа соодветен буџет и сеопфатна стратегија за горливиот проблем со загадувањето, велат оттаму.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.